Амбасадорите од ЕУ на средба во СДСМ

Амбасадори на земјите од Европската  Унија дојдоа на состанок во седиштето на СДСМ. Тие се сретнаа со потесното партиско раководство на СДСМ за да се информираат за деталите од упадот и насилствата во Собранието.

На Бихаќка беа германската амбасадорка Кристине Алтхаузер,  францускиот амбасадор Чарлс Герет,  холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп и координаторката на Обединетите нации, Луиза Винтон.

По средбите никој од нив не даде коментар.

Веднаш откако пратениците без крвнички претепани по изборот на Џафери, амбасадорите на ЕУ во земјава експресно свикаа прес конференција на која амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон, од името на сите нив порача дека ова е време за дијалог а не за насилство , при тоа ја повика полицијата да преземе одговорност за воведување ред.