Американец невин во затвор поминал 39 години

Од затворот во Северна Каролина денес е ослободен шеесет и едногодишниот Џејмс Роберт Мекларкин кој во затвор помина 39 години поради убиство кое, како што е сега докажано, не го сторил.

Тој формално е пуштен на условна слобода, откако полицијата и јавниот обвинител соопштиле дека во август 1974 година не го убил седумдесет и четиригодишниот Клод Килијан.

Требаше да поминат 39 години за конечно да најдам некого кој ќе ми верува. Сега сум слободен човек, но не е крај, затоа што и понатаму сум осуденик. Пресудата мора да се поништи, затоа што не го убив Килијан, рекол Мекларкин по излегувањето од затворот, пренесува АП.

За убиство кое се случило во 1974 година покрај Мекларкин на казна доживотен затвор осуден е и Реј Чарлс Деграфенрид, иако против нив не постоел ниеден материјален доказ.

Пресудата е донесена само врз основа на изјава на нивниот другар од детството, Мелвин Харис, кој исто така бил осомничен.

Деграфенрид во меѓувреме ментално се разболел и се наоѓа во делот од затворот предвиден за затвореници со прихички заболувања и засега не е познато даи и тој ќе биде ослободен.

Мекларкин и Деграфенрид веднаш биле осомничени за убиство, но после долга истрага се тргнати од списокот на осомничени.

sloboden-2

„Тогаш Харис, да избегне и тој да биде осомничен, рече дека ние сме убијци и тоа беше доволно да не пратат на робија. Реј Чарлс поради таа неправда „пукна“ но, без оглед на тоа, и тој мора да биде ослободен, затоа што е исто така невин“, рекол Мекларкин.

Харис подоцна стаса во затвор, затоа што во 1992 година уби човек, а неколку години подоцна, пред смртта, признал дека лажно ги обвинил другарите и дека тој го убил Килијан.

Иако тоа го повторил пред судот, судијата заклучил дека неможе да му се верува, па Мекларкин и Деграфенрид останале во затвор.

Полицијата дури минатата година, на барање на семејството на Мекларкин и под притисок на јавноста, се согласила повторно да го отвори тој случај и детективот кој го водел заклучил дека двајцата осуденици не се виновни, затоа што во време на убиството биле на друго место.

Постојат бројни сведоци кои тоа го потврдиле и нивното алиби е исклучително цврсто, така што надвор од секој сомнеж можеме да кажеме дека тие не го извршиле тоа убиство, се наведува во извештајот.

Кога новинарите по излегувањето од затворот го прашале како е можно да е осуден без ниту еден доказ, Мекларкин рекол: „Јас бев црнец, а жртвата белец“.