Американскиот јавен долг достигна нов историски рекорд

Американскиот државен долг повторно ги проби сите рекорди и моментно изнесува повеќе од 23 билиони долари, соопшти Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави.

Непосредо пред доаѓањето на Доналд Трамп на функцијата претседател, државниот долг на САД изнесуваше околу 20 билиони, но таа бројка почна нагло да расте заради дефицитот на федералниот буџет.

Министерството прецизира и дека дефицитот оваа година изнесуваше околу еден билион долари, а причина за тоа се порастот на воениот буџет и даночната реформа која е покрената уште во 2017 година.

Руски медиуми пренесуваат дека од моментот кога Америка почна да воведува санкции на Русија, официјална Москва значително ги намали своите вложувања во американскиот државен долг.

Моментно Москва држи уште 8,5 милијарди долари, од нив 6,239 милијарди се наоѓаат во долгорочни хартии од вредност, а 2,262 милијарди во краткорочни.