Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Америка бара исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН
СВЕТ

Америка бара исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН

април 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

САД ќе побара од Генералното собрание на Обединетите нации да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави вчера американската амбасадорка во ОН, откако Украина ги обвини руските сили за убиство на десетици цивили во Буча.

Суспензија за грубо и систематско кршење на човековите права може да се изгласа со двотретинско мнозинство од 193 члена, колку што брои Собранието на ОН.

„Учеството на Русија во Советот за човекови права е фарса.Тоа е вистинска лакрдија“, рече амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, за време на посетата на Романија.

„Тоа е погрешно, затоа мислиме дека е време Генералното собрание на ОН да изгласа нивно исфрлање“, додаде таа.

Украина објави дека ќе ги искористи сите „достапни механизми на ОН“ за собирање докази за руските злосторства во нивната земја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека „нема место за Русија во Советот за човекови права на ОН“.

Амбасадорката на САД рече дека сака гласањето да се одржи оваа недела.

Откако на 24 февруари започна руската инвазија на Украина, Генералното собрание, со 140 гласа „за“, усвои две резолуции со кои се осудува Русија.

Русија и понатаму тврди дека спроведува „специјална воена операција“ на демилитаризација во Украина.

„Апелирам до оние 140 земји кои се кренаа храбро: сцените од Буча и пустошењето низ Украина сега бараат од нас да ги преведеме нашите зборови на дело“, им рече амбасадорката Томас-Гринфилд на новинарите во Романија.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензија, од Њујорк, видно иритиран, рече дека обидот да се исклучи Русија од Советот е „неверојатен“ и дека тој потег нема да помогне во мировните преговори.

„Ова е повторно потег без преседан, и со него нема да го олесни помагањето во процесот на мировните преговори меѓу Русија и Украина“, изјави Небензија на прес-конференција.

Тој повтори дека Русија не е одговорна за злосторствата во Буча, велејќи дека презентираните снимки се „наместени“. Најави дека Москва ќе презентира повеќе докази за тоа на состанокот на Советот за безбедност на ОН што треба да се одржи денес.

Украинските власти соопштија дека досега пронашле тела на 410 цивили во областите околу Киев, вклучително и Буча.

Руската војска во последните денови го олабавува обрачот околу Киев и на север за да ја фокусира својата воена офанзива на истокот на земјата.

актуелно Буча Киев Обединети Нации русија Украина човекови права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.