Фудбалските сојузи на Уругвај и Аргентина ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2030 година.
Уругвајскиот претседател Табаре Васкез изјави дека на 30 август ќе ги посети Аргентина и колегата Маурисо Макри после што службено ќе го предаде барањето во ФИФА.
Уругвајскиот и аргентинскиот фудбалски сојуз веќе се договорија дека, ако кандидатурата биде прифатена, светското првенство во тие две земји ќе го промовираат соиграчите од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.
И Уругвај и Аргентина еднаш веќе беа домаќини на светското првенство. Уругвај го организираше првото СП во 1930 година и тогаш во финалето со 4:2 ја победи Аргентина. Аргентина, пак, го организираше светското првенство во 1978 година кога, исто така, ја освои титулата првак. Повеќе пати домаќини на светското првенство беа Мексико, Бразил, Германија, Италија и Франција.
Конкуренција на Аргентина и Уругвај ќе им претставува Кина која изразила подготвеност да биде домаќин истата година.
Следното светско првенство ќе се одржи во Русија во 2018 година, во Катар е во 2022 година, а домаќин за првенството во 2026 ќе се избира меѓу САД, Мексико и Канада.







