Германскиот производител на автомобили „ауди“ ја прекина сета активност на „Твитер“ на неопределено време, објави денеска германската медиумска групација „ВиртшафтсВош“ (WirtschaftsWoche), повикувајќи се на сигурни извори од компанијата.
Групацијата „Фолксваген“, кој ги поседува „ауди“, „фолксваген“, „сеат“, „купра“, „ламборџини“, „бентли“, „дукати“ и „порше“, на почетокот на оваа недела соопшти дека им препорачал на сите фирми во нејзина сопственост, да го запрат платеното рекламирање на „Твитер“ до понатамошна наредба, откако Илон Маск ја купи таа социјална мрежа.
Од „ауди“ не се достапни за коментар.
Оваа компанија нема објавено ниту еден твит од 1-ви ноември, а дотогаш твиташе речиси секој ден.
Маск ја презеде сопственоста на „Твитер“ на крајот на октомври.