Бангладешките режисери против турски серии

LinkSense.mk

Режисерите и глумците во Бангладеш побараа да се забрани турската серија „Султанот Сулејман“ во таа земја, оценувајќи дека сцените со „жесток секс“ во таа серија ја уништуваат локалната телевизиска индустрија и поттикнуваат на разводи.

Откако почнало прикажувањето во Бангладеш во ноември 2015 година, серијата која го прикажува животот на Султанот Сулејман доживеа голем успех, а таа популарност ги поттикна другите телевизиски мрежи во таа земја да прикажуваат слични странски серии во најгледаните термини, со што ги скратија локалните серии.

„Се почна со серијата „Султанот Сулејман“. Овие серии ја уништуваат нашата индустрија во која работат илјадници глумци и друг технички персонал“, вели директорот на Здружението на режисерите на Бангладеш, Гази Ракајет.

Тој наведува дека анкетите покажуваат дека половина од студијата се затворени поради недостаток на работа со што се загрозени стотици глумци.

„Дури и најпознатите глумци изгубија половина од хонорарот“, додаде Ракајет и процени дека годинава тие пропуштиле околу осум милиони долари.

Мамунур Рашид, бангладешки актер, оценува дека гледањето телевизија претставува семејна забава и дека сцените на „жесток секс“ во турската серија се недопустливи.

„Ваквите програми прават општествени проблеми и го поттикнуваат порастот на разводите“, оценува Рашад.