Без вода дел од корисниците од булеварот „Климент Охридски“

Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Климент Охридски“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Прекинот е поради уличен дефект на крстосницата на булеварот „Илинден“ со булеварот „Климент Охридски“.
Со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците на улицата „Козле“.
И во двата случаи водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.