Без струја делови од Илинден, Козле, Тафталиџе и Пржино

LinkSense.mk

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од скопските населбите Илинден, Козле, Тафталиџе и два објекти во Пржино.

Од 8 до 16 часот без струја ќе бидат улицата „1“ во населба Илинден, кај местото викано Пуста Кула, и дел од улиците „Мариовска“ и „Благоја Гојан“ во Пржино.

Во Козле, пак, од 9.30 до 13 часот струја нема да има на дел од улицата „Милан Марковиќ“, а од 12 до 15 часот и делови од „Алжирска“, „Багдадска“ и „Дрезденска“ во Тафталиџе.