Биткоинот е на пат да стане неважен

LinkSense.mk

Криптовалутите закрепнаа на почетокот на новата година. Солана неделава што измина се искачи за дури 35 отсто, додека етерот порасна за пет отсто, со што цената се врати над 1.250 долари за прв пат од средината на декември. Еден биткоин вреди нешто помалку од 17.000 долари. Се разбира, проблемите за крипто индустријата не се завршени по спектакуларниот колапс на ФТХ.

Во моментов, сите очи се главно вперени во фирмата „Дигитал Каренси Груп“ (Digital Currency Group), која минува низ тежок период поради проблемите на нејзините две подружници „Џинесис“ (Genesis) и „Грејскал“ (Grayscale).

Грејскал“ (најголемиот управувач со крипто средства) може сериозно да го разниша пазарот доколку биде принудена да го продаде својот имот.

Одамна е јасно дека Европската централна банка не гледа со симпатии на биткоинот. Улрих Биндсеил и Јирген Шаф неодамна на својот блог објавија дека биткоинот е на пат кон ирелевантност и дека моментално сме сведоци на неговата лебедова песна.

Биндесил и Шаф се убедени дека биткоинот не е прикаден како инвестиција, бидејќи не генерира готовински тек или дивиденда, а неговата пазарна проценка се базира исклучиво на шпекулации. Минатиот месец, аналитичарите од „Стандард Чартеред“ (Standard Chartered) предупредија дека биткоинот може да се сруши дури на 5.000 долари.