Богоевски: Како плевел ќе никнеме и ќе ја браниме државата

„Во овој прескапо платен куп барокно ѓубре беа смислени најкриминалните нешта на нашата држава“ рече Павле Богоевски, кандидат за пратеник од ИЕ 1, на митингот на СДСМ пред Владата.

„Затоа ова место стана неодминлива цел на сите наши протести, оваа улица стана дом, многумина беа тепени, газени од паравојската на оваа криминална власт, а ние бевме нарекувани хулигани затоа што кренавме глас против овој режим. Никола, колку и да се трудиш да не уништиш, како плевел ќе никнеме и ќе ја браниме нашата држава“, додаде Богоевски.