Боливија ја приземји авио-компанијата „Ламиа“

LinkSense.mk

Боливија вчера донесе решение со кое времено ги суспендираше сите летовите на авио-компанијата „Ламиа“, чиј авион пред два дена се сруши во Колумбија, и го сменија раководството на компанијата, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, меѓународните летови бараат од компанијата да се грижи леталата да имаат доволна количина резервно гориво, дури и за 30 минути повеќе летање, отколку што е потребно.

„Во овој случај, за жал, компанијата не обезбедила доволно гориво“, изјавил секретарот за безбедност на летовите, Фреди Бонила.

При падот на авионот во Колумбија, во вторникот утрината, загинаа 71 патник, а меѓу нив беа фудбалери и новинари кои патуваа на финален натпревар од Копа Судамерикана.