Бразил: Криминалци срушија полициски хеликоптер

Четворица полицајци загинаа во Рио де Жанеиро кога се срушил хеликоптер кој пружал поддршка на полициска акција против криминални банди.

За сега не е познато што го предизвикало падот на хеликоптерот, но се наведува можноста дека го собориле криминалци.

Несреќата се случи во саботата вечерта во близина на озлогласениот кварт „Божји град“ во Рио де Жанеиро, пренесува АП.

Хеликоптерот, како што се наведува, учествувал во операција против трговијата со дрога, а пожарникари ги извлекле телата на жртвите од леталото.

ББС јавува дека на снимките од падот на хеликоптерот, пред тој да се сруши на земја, можеле да се случнат истрели од огнено оружје.

Британскиот медиум укажува дека во текот на денот имало неколку вооружени престрелки меѓу полицијата и локалните банди кои оперираат во таа област.

brazil-1-a

Ако се утврди дека хеликоптерот го собориле криминалци, тоа нема да биде прв таков случај во Бразил.
ББС потсетува дека трговците со дрога во 2009 година отворија оган на полициски хеликоптер, кој се сруши на фудбалски терен и во таа прилика животот го загубија двајцата пилоти.

brazil-2

Насилствата во Рио се во пораст во изминатите две години, после неуспешниот план квартовите да се исчистат од бандите со трговија со дрога.

До септември оваа година во Рио имаше 3.649 убиства, што е 18 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.

brazil-1