Британскиот врховен суд го разгледува случајот „Брегзит“

Врховниот суд на Велика Британија го почна претресот за тоа дали е потребно одобрување од парламентот пред да ги почне владата преговорите за Брегзит.

Редовните и бучни демонстранти на двете спротивставени страни беа пред судот на првиот ден од разгледувањето на случајот во кој се одлучува кој има овластување да го покрене излегувањето на Велика Британија од Европската унија – владата или парламентот.

bregzit-4

Оваа правна битка има големи уставни последици за односот на силите на парламентот и владата и ја запали веќе напнатата атмосфера во Велика Британија за тоа како и дали да се напушти ЕУ, наведува агенцијата АП.

Високиот суд пресуди во октомври дека е потребно пратениците да дадат зелено светло за да може да се тргне со постапката за излез од ЕУ.

bregzit-5

Владата вложи жалба на таа одлука, и претресот за тој случај почна вчера во Врховниот суд и ќе трае четири дена, додека пресудата се очекува дури во јануари.

Одлуката ќе влијае на стратегијата на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ, додека судењето не решава дали ќе се случи Брегзит или не, наведува Би-Би-Си.

bregzit