Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва го претрпе вториот пораз во групата Б од Лигата на шампионите.
Во Скопје на триумф се радуваше германскиот првак Рајн Некар Ловен, кој победи со 29:26.
Ова за Вардар е прв пораз на домашен терен сезонава.
Во првото полувреме кое заврши нерешено 15:15 двете екипи се менуваа во водство.
На почетокот од вториот дел гостите од Германија резултатски се „одлепија“ и во 49 година за првпат имаа водство од шест голови (25:19).
До крајот на натпреварот Вардар само успеа да го ублажи поразот.
Најефикасни кај Рајн Некар Ловен беа Мадс Ларсен и Харалд Рајнкинд со по седум голови, додека кај Вардар најпрецизни беа Жоан Кањелас и Вуко Борозан со по шест.
Голманот на Рајн Некар Ловен натпреварот го заврши со 16 одбрани.
Вардар во следното коло гостува кај европскиот првак Киелце.
Табела: Вардар 12 бода, Рајн Некар Ловен 11, Киелце 10, ПИК Сегед 9, Мешков Брест 7, Цеље 4, Кристијанштад 3, Загреб 2.







