(ВИДЕО) Заев: Се очекува да се почитува јасно изразена волја преточена во 67 пратенички мандати

Посетата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини претставува сериозна поддршка на перспективите на нашата земја.

„Среќни сме што при оваа посета, Еврпската унија останува посветена на иднината на Македонија. Разговаравме за претстојните средби в понеделник со Советот на министери и в четврток со Генералниот совет, или Советот на премиери, каде што од нас се очекува да се почитуваат демократските процеси кои што се јасно изразена волја за граѓаните на изборите и преточени во 67 мандати кои се нормален демократки основ за формирање на влада“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Могерини.

Тој додаде дека наредната влада, доколку покаже резулатат во посветеноста на реформите, ЕУ ќе се посвети кон убрзување за процесите и преговорите за рамноправното членство на Македонија во ЕУ.