Премиерот на Унгарија Виктор Орбан од попладнево ќе биде во дводневна посета на Србија во текот на која владите на двете држави ќе одржат заедничка седница во Ниш.
Заедничката седница на двете влади закажана е за во понеделник во 10.30 часот, а пред тоа ќе бидат билатералните состаноци на министрите.
Планирано е Орбан и Вучиќ да учествуваат на Бизнис форумот на Стопанската комора на Србија и да потпишат договор за соработка.
Заедничката седница на српската и на унгарската влада беше најавена при посетата на Орбан на Белград на 5 септември.
Главна тема на разговорите на двајцата премиери тогаш беше мигрантската криза.