Водата во Неготино да се проврива пред употреба

Да се преврива водата за пиење во Неготино пред употреба, појавено е заматување поради интензивни врнежи од дожд.

Вакво известување упатија од неготинското Јавно претпријатие ,,Комуналец”.

Заматувањето на водата e, како што појаснија, поради интензивни врнежи во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар”.

Препораката за превривање на водата пред употреба е се до стабилизирање на состојбата.