Волумен на природен начин: Три чекори до долги и дебели трепки

LinkSense.mk

Благодарение на природните состојки, трепките можат да бидат дебели, здрави и долги.

Доколку сакате природно дебели и долги трепки, тогаш ви предлагаме да ги вклучите следните три чекори во вашата секојдневна рутина за убавина.

Зелен чај

Благодарение на флавоноидите од зелениот чај, растот на трепките ќе биде побрз. Покрај тоа, зелениот чај ќе ги исчисти фоликулите и ќе го стимулира нивниот волумен. Сè што треба да направите е да го натопите тапферот во зелен чај и да ги мокрите трепките со него секој ден.

Маслиново масло и лимон

Маслиновото масло штити, храни и поттикнува раст на трепките, а во комбинација со лимонот кој има природно антисептично и антимикробно дејство, трепките ќе добијат се што им е потребно за квалитет, волумен и побрз раст. Изрендајте ја кората од еден лимон на маслиново масло и оставете ја смесата да отстои неколку дена. Потоа нанесете ја со четка на трепките пред спиење, а отстранете ја со миење наутро.

Чешлање на трепките

Ако редовно ги чешлате трепките, како што се чешлате наутро и навечер, ќе го стимулирате нивниот раст. Купете специјализирана четка за чешел за трепките. На овој начин ќе распределите природни масла по должината на трепките, по што тие ќе бидат поцврсти и посветли.

 

ФОТО: Депозит