Во Берлин автомобил влетал меѓу луѓе, над 30 се повредени, а загинa едно лице

LinkSense.mk

Најмалку едно лице загина, а околу 30 се повредени откако автомобил влета меѓу луѓе во близина на црква во Берлин.

Возилото налетало на луѓето при што повредени се голем број лица, односно над 30, а најмалку едно го загубило животот.

Според наводи на полицијата во Берлин, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.

 

Дополнителни информации во моментов не се достапни.