Најмалку едно лице загина, а околу 30 се повредени откако автомобил влета меѓу луѓе во близина на црква во Берлин.
Возилото налетало на луѓето при што повредени се голем број лица, односно над 30, а најмалку едно го загубило животот.
Според наводи на полицијата во Берлин, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.

Дополнителни информации во моментов не се достапни.







