Во Берово -16

Утрово најстудено беше во Берово, каде што се измерени -16 степени.

Утринската температура во Крива Паланка се спишти до -11, во Лазарополе и Маврово -10, Крушево и Битола -9, во Прилеп се измерени -8, во Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и Штип -7, во Струмица, Дебар, Куманово и Охрид -6, -5 беше температурата во Скопје, а -1 во Гевгелија и Дојран.

Нови врнежи од снег нема, а снежната покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и Крива
Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Берово и 22 во Маврово.

Максималната температура денес ќе достигне од 4 до 10 степени.

Утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Во северозападниот дел од земјата ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од -9 до 0, а преку денот ќе се движи од 6 до 13 степени.