Во концертната сала „Мегарон“ во Атина: Папата отслужи миса со католичките верници

LinkSense.mk

На мисата што вчера ја водеше во Атина, папата Фрањо истакна дека Господ го сака она што е „мало и скромно“, објави француската новинска агенција АФП.

„Одлично е што имавме можност да присуствуваме на миса со папата“, рече Маргарита Дијакопулу, 70-годишна Германка, мажена за Грк.

Драконски безбедносни мерки имаше околу големата концертна сала Мегарон, која беше прелетувана со хеликоптер. Четири полициски возила го блокираа сообраќајот, затворена беше најблиската станица на метрото, а полицајци ги прегледуваа поканите и пропусниците за ковид на влезот.

image

Осумдесет и четиригодишниот папа роден во Аргентина е првиот папа кој ја посетил грчката престолнина во последните 20 години. Во 2001 година, Јован Павле II. бил првиот папа што дошол во Атина по црковниот раскол во 1054 година во Западната и Источната црква.

Православието во Грција е „мнозинска религија“ според Уставот, а католичкото малцинство (1,2 отсто од населението) има само 250.000 верници, главно потомци на имигранти од Полска, Филипините, Албанија, Украина, Африка и Блискиот Исток.

Во проповедта преведена на грчки на табла над бината, Папата истакна дека „Господ го сака она што е мало и понизно“.

image

„Не станува збор да бидеме мали и малку, туку да се отвориме пред Бога и другите луѓе“, додаде Светиот Отец обраќајќи им се на 2.000 верници, од кои 900 поради епидемиолошки мерки беа во најголемата сала.

Вчеравечер, по втор пат за време на престојот во Грција, Папата се сретна со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Атински Јероним Втори. Денеска околу пладне, по последната средба со младите во католичко училиште, папата Фрањо од Атина ќе се врати во Рим.

 

 

 

 

(Фото: АФП)