Во Куманово гореле куќи во Средорек и Лојане

Кумановските пожарникари вчера гаселе два пожари на две куќи во село Лојане, општина Липково и во кумановската населба Средорек, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во попладневните часови горела куќа во Лојане. Пожарникарите ја гаселе од 18:45 до 20:35 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

– Во населбата Средорек бележат интервенција на опожарена куќа, интервенирале во време од 23:45 до 01:15 часот со две противпожарни возила и пет пожарникари, наведуваат од РЦУК Куманово.

Претходниот ден гореше напуштена куќа во близина на улицата „Иво Лола Рибар“.

Причина за пожарите како и материјалната штета дополнително ќе се утврдува.