Во Општина Маврово и Ростуше, кучиња скитници ќе заловува „Зебра Ветерина“

LinkSense.mk

Општина Маврово Ростуше, по завршената тендерска постапка, потпиша договор со соодветна специјализирана институција за заловување и стручен треман на кучињата скитници.

По завршената тендерска постапка за избор на фирма за стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на Општина Маврово и Ростуше, потпишан е договор со претставник на Друштвото за ветеринарни дејности – Зебра Ветерина од Демир Хисар.

– Повереникот за надлежностите на градоначалник, на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претставник на Друштвото за ветеринарни дејности „Зебра Ветерина“ од Демир Хисар потпишаа договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на нашата општина, информираа од општината.

Оттаму посочуваат дека третманот на кучињата ќе се реализира во соработка со месните заедници од населените места во општината.

Услугите, ќе се извршуваат согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, Правилникот за технички услови за прифатилиштата и другите подзаконски акти и позитивни прописи, кои ја уредуваат оваа област, а со цел спроведување на постапка која ќе овозможи хуман и соодветен третман од стручни лица.

На територијата на ова општина третман на бездомни кучиња истата фирма вршеше и претходно.

 

МИА