Во среда Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

LinkSense.mk

Албанија на први јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Ферит Хоџа амбасадор во ОН ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ чанел.

Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.

Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.