Во Струмица ќе биде отворен првиот центар за работно-ориентирана рехабилитација за лица со попреченост

– Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на отворањето на Првиот центар за работно – ориентирана рехабилитација во Струмица, за лица со попреченост .

Како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, на настанот ќе присуствуваат и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада,постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан и претставници од граѓанската организација „Избор“.