Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Врвни гитаристи и добитници на „греми“ – гости на 12. „Тремоло“
Култура

Врвни гитаристи и добитници на „греми“ – гости на 12. „Тремоло“

мај 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Врвни гитаристи и добитници на „греми“ ќе бидат дел од 12-то издание на Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“, што ќе се одржи од 17 до 23 мај, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“, со поддршка на Град Скопје.

На единствениот од ваков тип фестивали кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во класичната гитара, покрај вредните награди, се одржуваат солистички концерти за класична гитара и мастер-класови, а како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади луѓе.

И годинава ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Меѓу концертите планирани за годинава први се оние на: Давид Стрбац – Србија/Австрија и на Адам дел Монте – САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Македонската филхармонија, потоа на „Дуо Дениција“ – Македонија/Германија и на Герхард Герхард Рајхенбах – Германија, најавени за 21 мај во „Куршумли ан“, како и на Нејц Кухар – Словенија/ Австрија и на Габриел Бјанко – Франција, чии настапи на 22 мај, исто така, ќе бидат во малата сала на Македонската филхармонија.

Најавено е учество на многу гости од странство, од кои дел ќе бидат и членови на интернационалното жири: Адам дел Монте од САД (еден од водечките фламенко и класични гитаристи и композитори од неговата генерација, добитник на награди „греми“); Габриел Бјанко од Франција (признат како еден од најдобрите денешни класични гитаристи, победник на престижни меѓународни натпревари, во Сан Франциско, САД и во Кобленц, Германија), Герхард Рајнхенбах од Германија, кој веќе 40 години настапува како солист и заедно со оркестри на сите важни меѓународни фестивали на гитара; Нејц Кухар од Словенија/Австрија, професор на Универзитетот за музика и сценски уметности во Виена и на Конзерваториумот „Јозеф Хајдн“ во Ајнштадт, предавач на престижната школа „Џулијард“ и др.; како и Ерхан Мујка од Косово, Бошко Радојковиќ од Србија, Џевдет Сахатчија од Хрватска/Косово, Николај Михаилов и Стела Динкова од Бугарија.

Од македонска страна во жирито членуваат: Дарко Багески – нашиот познат гитарист, кој моментално работи како редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и претседател на македонската заедница за класична гитара; Борче Наумоски – доцент на Факултетот за музичка уметност, кој ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и Љубомир Наќевски – професор по класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, чии ученици активно учествуваат на фестивалите во регионот и се добитници на државни и меѓународни награди, како и директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска, соопштија организаторите на „Тремоло“.

гитаристи Греми добитиници тремоло
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.