Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе опадне за неколку степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата







