Газдата на најголемата криптоменувачница меѓу најбогатите луѓе во светот

LinkSense.mk

Чангпенг Жао, извршниот директор на криптоменувачницата „Бинанс“ (Binance), се приклучи на групата најголеми милијардери во светот, со проценета нето вредност од најмалку 96 милијарди долари, пишува Си-Ен-Ен.

Подемот на овој кинеско-канадски претприемач го симболизира брзото акумулирање на богатство во светот на дигиталните валути.

Портпаролот на „Бинанс“ изјави за Си-Ен-Ен дека „Жао има намера да донира поголем дел од своето богатство, дури 99%, исто како и другите претприемачи“.

Милијардерот во понеделникот на Твитер објави дека е важно да им се помага на другите, а не да се размислува за рангирањето во финансискиот свет.

Не грижете се за рангирањето. Фокусирајте се на тоа на колку луѓе можете да им помогнете. Непопуларно мислење: наместо скала за богатство, треба да има скала на донатори“, напиша Жао.

Жао го покрена „Бинанс“ во 2017 година, а компанијата наскоро стана една од најголемите светски криптоменувачници. Пораснал во имигрантско семејство во Канада, а како средношколец и студент работел во „Мекдоналдс“ за да го издржува своето семејство.

После студиите за информатика на Универзитетот „Мекгил“, работел на софтвер за тргување за токиската берза и за Блумберг.

Играјќи ‘покер’ на својот компјутер, во 2013 година, Жао дозна за биткоинот, а потоа одлучи да го посвети својот живот на криптовалутите. Дури и си го продаде станот за да купи биткоини“, велат од „Бинанс“.