Германија ги укинува епидемиолошките мерки на 20 март

LinkSense.mk

Од 20 март во Германија ќе бидат укинати речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, при што ќе им се даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, потврди министерот за за правда Марко Бушман.

„Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните“, изјави Бушман за ЗДФ.

Министерот за здравство, Карл Лаутербах кажа дека исклучок се маските и тестовите, каде што има голем број ризични групи, односно во јавниот превоз и старските домови.

„Се разбира, не е планирано да се отвори се“, додаде тој.