ГН на Германија: Фетел излета од патеката, Хамилтон победи

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи денеска во трката на Формула 1 шампионатот за Големата награда на Германија и го превзеде првото место во генералниот пласман од Себастијан Фетел од Ферари, кој не ја заврши трката.

Хамилтон ја оствари четвртата победа во сезоната, а 66-та во кариерата. Тој трката во Хокенхајм ја почна од 14 позиција, но благодарејќи на доброто возење, но и на тоа што до сега водечкиот Фетел во 52 круг излета од патеката, успеа да оствари важна победа во шампионатот.

Хамилтон победи со резултат од еден час, 32 минути и 29,845 секунди.

Второто место го завзеде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, со заостаток пд 4,535 секунди, а трет беше Кими Раиконен од Ферари со 6,732 секунди заостанување.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, го завзеде четвртото место, петти беше Нико Нулкенберг од Рено, а шестото место му припадна на Роман Грожан од Хас.

Бодови уште освоија и возачите на Форс Индија, Серхио Перес и Естебан Окон, Маркус Ериксон од Заубера и Брендон Хартли од екипата на Торо Росо.

Хамилтон сега има 188 бодови во генералниот пласман, 17 повеќе од Фетел. Исто така, Мерцедес од Ферари го превзеде првото место во генералниот пласман на конструкторите од Ферари и сега има осум бодови повеќе.

Следната трка, пред едномесечната пауза во шампионатот, на програмата е следната недела за Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг.