Прстенот чинел над 1.000 евра. Бамбер брзо го пополнил калапот со друг прстен
што веќе и бил нејзе на прстот, па девојката одговорила – да.
–Британец реши да ја запроси својата девојка покрај езеро, но при судбоносниот чин, свршеничкиот прстен му падна во водата, додека пријателите сѐ тоа го снимале…
Рос Бамбер (26) ја запознал својата свршеница Гери Ешфорт пред пет
години додека работеле заедно во старечки дом. Дошло време за „големото прашање“, па тој отпатувал со неа до едно езеро во Норфолк, во Источна Англија, клекнал на платформа од даски над езерото, пред својата сакана и ја прашал дали таа сака да му биде сопруга…
Но, работите не се одвивале според планот. Кога го отворил кутивчето, прстенот паднал низ празнина на подот и потонал во водата.
МИА