Градоначалникот на Лозово во полиција пријавил загрозување на сигурноста

LinkSense.mk

Градоначалникот на Лозово А.В. во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.

Од МВР денеска соопштија дека на 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.