Градоначалникот на Њујорк ќе ги штити емигрантите од Трамп

Демократот Бил де Бласио, градоначалник на Њујорк, му порача на Доналд Трамп во текот на неговата прва средба со новоизбраниот претседател на САД, дека „ќе стори се“ за да ги заштити емигрантите.

Де Бласио за Си-Ен-Ен рече дека го предупредил Трамп дека „Њујорк, како и многу други американски градови, ќе стори се за да ги заштити своите жители и ќе им даде сигурност дека семејствата нема да не се раздвојат“, после состанокот во „Кулата Трамп“ на Менхетен.

tramp

Доналд Трамп во својата предизборна кампања зборуваше дека ќе протера милиони нелегални емигранти.

„Њујорк е град на емигранти“, рекол Де Бласио и додал дека тој град успеал затоа што бил отворен за сите, и дека го изградиле емигранти, генерација по генерација.

Иако се смета дека односите на Де Бласио и Трамп се ладни, градоначалникот на Њујорк рекол дека неговата средба со Трамп бил „отворен и богат“ и дека Трамп „го сака Њујорк“ како и тоа дека се договориле да ги продолжат разговорите.

И градоначалниците на другите големи американски градови ветија дека ќе ги штитат своите емигранти. Меѓу тие градови се Лос Анџелес, Сан Франциско, Чикаго, Бостон, Филаделфија и Вашингтон.