Груевски: Ќе го кофинансираме оранжериското производство

Високотехнолошки инвестиции во земјоделското производство, во оранжериско-градинарското производство, подржани преку програми за рурален развој со кофинанирање на 60 проценти од трошоците, најави во Бањско лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

Тој посочи дека ќе обезбедат 90 процентно кофинансирање на мали земјоделски стопанства за да се развиваат во поголеми.

Висината на поддршката за најмалите стопанства кои се сметаат за стопанства кои започнуваат со посериозна земјоделска дејност ќе изнесува 90 отсто кофинансирање на трошоците направени при преминување во следната повисока категорија, објасни Груевски.

Кофинансирањето на трошоците за рестуктуирање на стопанствата од втора во трета категорија ќе изнесува 70 проценти.

„За возврат, до крајот на инвестицијата стопанствата треба двојно да го зголемат нивниот првичен производен капацитет, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.