Грција дозволи нова фотосесија на „Диор“ на Акрополот во Атина

– Грчкиот централен археолошки совет одобри фотографирање на неколку големи археолошки споменици, вклучително и Акрополот – за француската луксузна модна куќа „Диор“. Советот едногласно ја потврди одлуката, изјави претставник на ресорното Министерство.

„Нема да има модна ревија на Акропол“, соопштуваат властите.

Фотосесијата ќе се одржи во Одеон на Херод Атикус, подножјето на Акропол, Агора, Храмот на Посејдон на ’ртот Сунион близу Атина и Храмот на Зевс во Немеја. Можноста за приклучување и на стадионот „Панетинаикон“ во грчкиот главен град, каде што 1896 година, се одржаа првите современи Олимписки игри, во списокот,  се разгледуваше вчера.

Овој настан на „Диор“ за 2022 година е во чест на легендарната сесија кај Акрополот од пред 70 години кога беа претставени модните фустани на Кристијан Диор.

Опозицијата ја критикува грчката влада за управување со археолошкото наследство на земјата, особено повикувајќи – со реставрацијата на Акропол, да им се овозможи пристап на лицата со попреченост.

Критичари, исто така, не го одобруваат преместувањето на древни предмети од Солун заради изградбата на метро. Во мај, десетици интелектуалци и стручњаци потпишаа отворено писмо во коешто повикуваат – артефактите да бидат оставени на своето место.