Даниловски: Се навестува новиот бран од делта сојот што може да се случи на средина на август

„Бранот од делта сојот почнува. 14-дневната инциденца на 100.000 веќе е 13, иако сме се уште зелена зона. Претпоставувам дека кон средината на август ќе пречекориме вредност 20, што значи дека ќе влеземе во прво ниво на ризици“, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за Тв Канал 5.

Според него, се чини дека се шири делта сојот се шири повеќе меѓу младите лица, кои што генерално се невакцинирани.

„Фактот е дека еден заболен може да зарази 5 до 9 лица. Делта сојот носи потешка клиничка слика“, вели Даниловски.

Според него, бесмислено е да се воведуваат рестриктивни мерки како полициски час, ако на располагање имаме вакцини.

 

Извор: Канал 5 Телевизија