Деветмина социјалисти во трката за претседателски кандидат во Франција

Во трката за кандидат на Социјалистичката партија на претседателските избори во Франција следната година учествуваат деветмина, а фаворит во редовите на социјалистите е поранешниот премиер Мануел Валс.

Мануел Валс поднесе оставка на местото премиер на почетокот на декември откако најави дека ќе се кандидира за наследник на Франсоа Оланд кој се откажа од трката за втор мандат.

Има сериозни шанси да ги претставува социјалистите на претседателските избори во Франција, во април 2017 година; Мануел Валс
Има сериозни шанси да ги претставува социјалистите на претседателските избори во Франција, во април 2017 година; Мануел Валс

Валс се надева дека ќе ги соедини Социјалистичката партија на Франција, но има силна конкуренција во поранешниот министер за економија Арно Монтебур и поранешниот министер за образование Бено Амон.

Останатите кандидати се Силвија Пинел, Жерар Филош, Версан Пејон, Фабијен Вердије, Жан-Лик Бенамијас и Франсоа де Рижи.

Гласањето би требало да се одржи во два круга, од 22 до 29 јануари 2017 година.

Според последните анкети, во вториот круг на претседателските избори ќе има тесна трка меѓу лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен и кандидатот на десницата Франсоа Фијон.

Ќе внесе неизвесност до последен момент, претставникот на ултрадесничарите, лидерката на Национален фронт на Франција, Марин Ле Пен
Ќе внесе неизвесност до последен момент, претставникот на ултрадесничарите, лидерката на Национален фронт на Франција, Марин Ле Пен
Аналитичарите сметаат дека ќе влезе во вториот круг на претседателските избори следната година: Франсоа Фијон
Аналитичарите сметаат дека ќе влезе во вториот круг на претседателските избори следната година: Франсоа Фијон