Дел од Кисела Вода утре без вода поради реконструкција на водоводна мрежа

Поради реконструкција на водоводна мрежа на ул. Павел Шатев во населбата Кисела Вода, без водоснабдување од 9:00 до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од ул. Серска, дел од ул. Партениј Зоографски, ул. Димче Мирчев.

Без вода ќе биде и дел од ул. 50 Дивизија и дел од бараките на МВР.