Дел од Козле утре без струја, а село Радишани без вода

Без струја утре од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од бр.20 до бр.40, корисниците лоцирани во нивната непосредна околина и објектот на ТЦ „Олимпико“, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Варвара лоцирани на
страната кон село Добри Дол.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје соопштија дека на 26 мај (среда) без електрична енергија од 8 до 15.30 часот ќе останат корисниците од улицата 1, корисниците лоцирани на влезот во село и од 9 до 12 дел од корисниците од ул. Димитар Гуштанов.

Од РЦУК информираат дека утре од 9 до 11 часот поради чистење и дезинфекција на резервоарот во село Радишани (ниска зона) можен е краткотраен прекин во водоснабдувањето на корисниците од село Радишани.