Дел од Неготино до пладне ќе биде без вода

Поради дефект, без вода за пиење денеска ќе останат жителите на неколку улици во Неготино.

Прекин во водоснабдувањето до 13 часот ќе имаат жителите од улиците „ЈНА“, „Марксова”, „25 Мај“, „Кирил и Методиј“, „Борис Кидриќ“, ,,Пиринска“, ,,Вардарска“, „Ѓоко Мишев“, „Вано Ташев“, „Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“, „Илинденска“ и „Ќиро Крстев“.