Дете-бомбаш се крена во воздух во Дамаск, тројца повредени

Седумгодишно дете се разнесе во полициска станица во областа Мидан во Дамаск.

Во инцидентот нема загинати, но има тешко ранети.

Засега ниту една терористичка организација не ја превзеде одговорноста за нападот.

Според првичните информации, детето чиј идентитет сеуште не е утврден, влегло во полициската станица и веднаш го активирал експлозивот што го носел околу себе.

Во соопштението од полицијата во Дамаск дадено за тамошните медиуми се наведува дека во тек е истрага за нападот и дека постојат сомневања за тоа дека некој од надвор со далечински управувач ја активирал бомбата.