Дивеење на англиски хулигани на СП во Русија

LinkSense.mk

Еден англиски навивач е уапсен денеска после инцидентот што се случи на патот кон Волгоград за натпреварот на репрезентацијата на Англија против Тунис на Светското првенство во Русија.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори на Интерфакс добиени од британската амбасада во Русија, наведува дека англиски навивач се обидел да му одземе пиштол на полицаец по што бил совладан од неколкумина униформирани лица.

Тоа, сепак, не е единствениот инцидент, затоа што уште еден Англичанец заврши во болница затоа што со рака го скршил прозорецот на возот.

Репрезентацијата на Англија вечерва го почнува настапот на Мундијалот со натпревар против Тунис во 20 часот во Волгоград.