ДИК утре ќе расправа за последниот приговор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Државната изборна комисија вечерва ја прекина седницата.

Расправата ќе ја продолжи утре во 11 часот, кога на дневен ред ќе биде последниот приговор доставен од Социјалдемократскиот сојуз.

Досега е прифатен само еден приговор на Движењето Беса, откако графолошкото вештачење покажа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно дека некој друг гласал во нејзино име.

Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.