Димовски: Боксот го враќаме на победнички патеки, горди сме на успехот на Ардијан Аземи

Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари повод успехот на Европското првенство во Будва, парична награда е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.

Претседателот на БФМ, Примислав Димовски на денешната прес конференција рече дека е горд на резултатот на Аземи.

„Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Гоергиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско европско првенство. Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на европското во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски, благодарни сме за се што направија во промоција на македонскиот бокс. Сакам да упатам посебна благодарност и до Алкалоид и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно“, изјави Димовски.

Мадалистот Аземи е оптимист дека овој историски успех може да го повтори и подобри на следното светско првенство.

„Направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“, потенцира македонскиот боксер.