Драма во Вашингтон: Евакуиран Капитол заради сериозна закана (ФОТО/ВИДЕО)

Американските безбедносни власти наредија итна евакуација на вработените во зградата на Конгресот во Вашингтон. Полицијата истражува „активна закана за бомба“.

Се појавија и снимки од пред конгресната зграда.

Објавена е и фотографија од мејлот кој го добија вработени во Конгресот.

Полицијата на Твитер наведе дека добила дојава за сомнително возило пред библиотеката на Капитол и ги предупредила луѓето да се држат понастрана од оваа област, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Според наводите на неименувани извори од полицијата, примена била дојава за експлозивна направа во камион, паркиран во непосредна билизина на библиотеката, додава Си-Ен-Ен.

Полицијата испрати преговарачи за да преговараат со мажот кој се заканува, а кој се наоѓа во возилото“, навел еден од изворите.

Во тек е истрага. Крајно внимателно ја следиме состојбата и ќе ги истакнеме сите информациите на овој профил кога ќе ги имаме оние кои можеме да ги објавиме“, наведе полицијата од Капитол хил на Твитер.