Доктор Нико Беќаровски преку својот Фејсбук профил се обрати до Комисијата за заразни болести, наведувајќи да предложат до Владата нови мерки, а притоа наведе неколку.
Висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат е само еден од неговите предлози до надлежните власти.
„Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите)
Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето.
Воведување го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120. ден од прележувањето.
Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.
Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти“, се вели во Фејзбук статусот на д-р Беќаровски.