Европа воздивна, се слави победата на Ван дер Белен во Австрија

Левичарскиот кандидат Александер Ван дел Белен го порази десничарскиот кандидат Норберт Хофер на изборите во Австрија, резултат што го поздравија умерените политичари ширум Европа кои се надеваат на пад на популарноста на десницата и настојувањата да се ослаби Европската унија.

Франк-Валтер Штајнмаер: „Победата на Белен е добар знак против популизмот во Европа“
Франк-Валтер Штајнмаер: „Победата на Белен е добар знак против популизмот во Европа“

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека е среќен од резултатот од претседателските избори во Австрија. Штајнмаер рече дека победата на Ван дер Белен е „добар знак против популизмот во Европа“, посебно затоа што, како што истакна, таа вест го затекнала во Грција, која била „колевка на европската демократија“.

Штајнмаер е социјалдемократ и е главен кандидат за да биде избран за нов германски претседател во маст следната година.

Франсоа Оланд: „Победата на Белен е глас за европско единство“
Франсоа Оланд: „Победата на Белен е глас за европско единство“

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, ја поздрави победата на Александер Ван дер Белен на претседателските избори во Австрија, оценувајќи дека е тоа глас за европско единство и толеранција.

„Граѓаните на Австрија избраа Европа и отвореност“, рече Оланд.

Европската унија оцени дека победата на Александер Ван дер белен значи „јакнење на европското единство во време на многу предизвици“.

Доналд Туск: „Победата на Белен е знак за јакнење на европското единство“
Доналд Туск: „Победата на Белен е знак за јакнење на европското единство“

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск му честиташе на Ван дер Белен за победата и му посака успех.

„Во време кога се соочуваме со многу предизвици, продолжувањето на конструктивниот допринос на Австрија во изнаоѓање на заеднички европски решенија и одржувањето на нашето европско единство останува од клучна важност“, порача Туск во воопштението, пренесува АФП.