Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европа чека потези, а не изговори од Скопјe:Данска ги објави заклучоците
Македонија

Европа чека потези, а не изговори од Скопјe:Данска ги објави заклучоците

декември 17, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на интеграцијата во Европската Унија како стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува земјата да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата.

Ова се наведува во делот посветен на земјава во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, кои откако не беа усвоени на вчерашното заседание на Советот за општи работи поради противење на Унгарија на делот за Украина, Данска во својство на актуелен претседавач со Унијата ги објави како „Заклучоци на Данското претседателство за проширувањето“.

„Советот на останува посветен на понатамошен напредок на постепената интеграција на Северна Македонија во внатрешниот пазар на ЕУ, врз основа, меѓу другото, на засилено спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Советот го поздравува тековното спроведување на Планот за раст за Западниот Балкан во Северна Македонија, кој е на добар пат да им донесе конкретни придобивки на граѓаните. Позитивно се земаат предвид и првите две исплати во рамките на Механизмот за реформи и раст и се охрабрува Северна Македонија да продолжи со спроведувањето на својата Реформска агенда“, се наведува во документот.

Во него се нагласува дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување и се потсетува на важноста од постигнувањето на видливи резултати и од „спроведувањето со добра волја на билатералните договори, вклучувајќи ги и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, во согласност со Преговорачката рамка“.

„Советот силно ја пофалува Северна Македонија за нејзината доследна соработка по прашања од надворешната политика и нејзиното цврсто и долгогодишно целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на рестриктивните мерки, како јасен сигнал за стратешката посветеност на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Советот, исто така, го поздравува континуираното активно учество на Северна Македонија во мисиите и операциите на ЕУ во рамките на заедничката безбедосна и одбранбена политика и подготвеноста за подобрување на соработката во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ“, се додава во заклучоците.

Во текстот се забележува дека земјава сè уште не ги спровела уставните измени, на кои се обврзала и се потврдува подготвеноста на Советот за свикување на втората меѓувладина конференција, без понатамошни одложувања или дополнителни политички одлуки, штом ќе биде извршена измена на Уставот и за „отворање на преговарачкиот Кластер 1 што е можно поскоро во согласност со Преговорачката рамка“.

Во заклучоците се наведува дека се потребни брзи и решителни акции со цел земјата да ги исполни критериумите од Кластерот 1 – Основи вредности, како и да ги интензивира напорите за спроведување на реформите, пред сè во областа на владеењето на правото, заштитата на независноста и интегритетот на судството и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Советот ја повикува Северна Македонија да усвои нов Кривичен законик во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди. Советот забележува дека е постигнат одреден напредок во областа на реформата на јавната администрација и ја охрабрува Северна Македонија да ги интензивира своите напори во врска со модернизацијата на јавната администрација и обезбедувањето на потребниот административен капацитет. Советот ги зема предвид информациите дадени од Комисијата за неодамнешниот постигнат напредок и ги охрабрува властите на Северна Македонија да ја подготват и финализираат на инклузивен начин работата на сите три патокази за функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација и поглавјата за владеење на правото, како и на акцискиот план посветен на заштитата на правата на лицата кои припаѓаат на малцинства или заедници“, се додава во текстот.

Во заклучоците се повикува на понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување и се поздравуваат неодамнешните локални избори, за кои се вели дека била „генерално конкурентни, иако со некои процедурални недостатоци“, при што се нагласува дека е потребна изборна реформа со вклучување на преостанатите препораки од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.

„Советот ја поздравува соработката во управувањето со границите меѓу Северна Македонија и Фронтекс. Советот ја повикува Северна Македонија да ги засили напорите за подобрување на системите и процедурите за прием на азил“, се додава во документот.

Во однос на економските критериуми, се забележува доброто ниво на подготовка во развојот на функционалната пазарна економија и се охрабрува земјата да ги засили своите напори за зајакнување на својот капацитет за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во рамките на ЕУ и да ги спроведе потребните структурни реформи.

„Советот го поздравува неодамнешниот напредок во однос на железничката врска долж транспортниот Коридор 8, кој е од стратешко значење, и очекува ефикасно спроведување на преземените обврски“, се додава во „Заклучоците на Данското претседателство за проширувањето“.

актуелно данска ЕУ Заклучоци изговори потези скопје Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.